За нас

Аузонија е вистинскиот избор за сите оние што сакаат да го почнат или да го продолжат учењето на италијанскиот јазик. Нашето мото е: “Да го научиме италијанскиот јазик и да ја доближиме италијанската култура до нашите слушатели на комуникативен и забавен начин “. Училиштето за италијански јазик Аузонија е основано во 1997 година од Јулијана Синадиновска, и е прво приватно училиште во Македонија специјализирано за изучување на италијанскиот јазик.
Јазикот се изучува на комуникативен начин според најсовремена програма, која што редовно се применува преку наше постојано следење на најновите изданија во Италија, а се користат и други разновидни аудио-визуелни средства, дидактички игри и квизови. Сето тоа допринесува Аузонија да биде вистинско место за изучување на италијанскиот јазик, традиција и култура.
Се наоѓаме во центарот на градот и располагаме со сопствена библиотека каде што нашите слушатели и сите оние што се заинтересирани можат да се служат со италијански наслови од книжевноста, белетристиката, историјата, медицината и општата култура.
Во текот на наставата двапати месечно се прикажуваат италијански филмови, по различни тематики и жанрови. Нудиме различни видови на курсеви за сите возрасти и степени, за деца од 4 до 12 години, за средношколци, студенти и возрасни.

Предучилишните детски курсеви се изведуваат во 4 семестри, детските во 12, додека стандардните курсеви за возрасни се изведуваат во 7 семестри. Групите се состојат најмалку од 4, а најмногу до 12 слушатели.
Покрај стандардните курсеви нудиме и интензивни летни курсеви, интезивни месечни или двомесечни курсеви, викенд курсеви, курсеви за комуникација, курсеви за италијанската култура, курсеви за италијанската кујна, индивидуални курсеви, курсеви за правници, лекари, архитекти, деловен курс и било какви други специјализирани курсеви што се од интерес на нашите слушатели. Исто така, организираме и курсеви за фирми, во нивните простории.
Аузонија е официјално признат Центар за полагање на испитот CILS од страна на Универзитетот за странци во Сиена, Италија. Заради успешно положување на испитот, организираме подготвителни курсеви за Меѓународно признатиот испит по италијански јазик CILS, којшто се одвива двапати годишно (јуни и декември).
Покрај курсевите во Аузонија, секое лето во месец јули организираме групни едномесечни курсеви во Фиренца. Во рамките на овој престој, се организираат повеќе еднодневни екскурзии во Фиренца и низ Италија, под водство на наш наставник.

Аузонија во соработка со италијански училишта и центри во Италија, по потреба, организира школување на различни видови курсеви во текот на летниот период, како и за време на целата учебна година. На крајот на секој семестар сите слушатели полагаат завршен тест, писмен и устен, и се стекнуваат со уверение за завршен степен. Аузонија на најуспешните ученици им обезбедува еден бесплатен семестар во училиштето, но исто така доделува и едномесечни стипендии во Фиренца, Џенова како и во други градови во Италија. Аузонија организира и курсеви по македонски, но и италијански за странци, прилагодени според нивните потреби (еднаш неделно, двапати или петпати неделно). Наши ученици биле претставници од ОБСЕ, од Италијанскта Амбасада во Скопје, но и од Амбасадата на Кралството Норвешка, Амбасадата на Швајцарија и од канцеларијата на Светска банка во Скопје.
Аузонија врши судски и секаков вид на стручни писмени преводи од македонски на италијански и обратно, како и консекутивно и симултано толкување на италијански, англиски, германски, француски и албански јазик. Од 2011 година Аузонија учествува во хуманитарната трка на Скопскиот Маратон, кој се одржува во месец мај. Заради поавтентично запознавање на италијанската култура и традиција, организираме едукативни екскурзии во Италија, но исто така и во Македонија каде што нашите ученици имаат улога на „туристички водичи“ и директно го практикуваат научениот италијански јазик низ прошетката со италијанските гости.