Стипендии во Италија

Од 2000-та година аузонија започна со доделување и на месечни летни стипендии во италија. Секој ученик кој што во текот на учебната година покажал голем интерес и знаење за италијанскиот јазик и култура и посетувал најмалку два степена во Аузонија, може да добие четири неделен бесплатен курс во фиренца или пет неделен бесплатен курс во Санта Маргарита Лигуре(Џенова). Стипендиите се доделуваат во соработна со приватното училиште во Фиренца (Centro Fiorenze) и со Универзитетот во Џенова (Universita' di Genova, Centro Internazionale)

Невенка

Отсекогаш, мојата претстава за Италија беше дека е голема и многу, многу убава земја, а дека луѓето ја сакаат уметноста, тестенините, го сакаат животот.... Но пред да ја посетам Италија, сето ова ми се чинеше многу далечно. Всушност, знаев што е Италија, но сепак не знаев што точно ме очекува и што да очекувам...

Маја

Санта, Санта Маргерита- извикав штом слегов од возот. Во мене бура од емоции, измешани чувства, конечно газам по тлото на мојата Италија. Пред мене, пак, пејзаж од кој ти се одзема здивот- јасни линии и занесен контраст на пространства во неповторлива зелена и сина. Градби во стил, впечатлив за Лигурија, сите слични една на друга, а сепак секоја со свој личен печат. На почеток сме пред авантурата во Санта...

Борко

Сите ние во одредени моменти од нашиот живот се наоѓаме на една крстосница кога треба да направиме некаков избор во однос на нашата идна професија. Некогаш по наша искрена желба, некогаш ја слушаме нашата интуиција, во одредени ситуации тука е и самата социјално-економска ситуација, па луѓето кои се чуствуваат слободни да ни го дадат...

Катерина

Престојот во Италија ми беше прекрасен, поминав феноменално. Персоналот во училиштето е секогаш спремен да помогне за било што. Часовите се интересни, се учи за италијанската култура, музика и кујна. Училиштето секој викенд организира ексурзии со кои можат да се запознаат и други области во Италија, покрај Фиренца...