Лиценциран туристички водич

Од 2012 во рамките на нашите активности ја нудиме и услугата лиценциран туристички водич од италијански и англиски на македонски и обратно.
Услугата е наменета за сите оние странци кои што живеат и работат во Скопје, а сакаат поубаво да го запознаат градот или останатиот дел од државата. За време на нивниот работен престој во Македонија, секако дека ќе ги посетат многу нивни роднини и пријатели. За таа цел ние можеме да им подготвиме програма според нивните интереси (културни активности, историски знаменитости, национална кујна, македонски традиции и обичаи, разгледување на манастири итн.) и според нивното време на располагање.
Имате само три или пет часа во Скопје? Побарајте не и ние ќе се погрижиме да ве запознаеме со историските обележја на градот