Курсеви во Фиренца

Од 1999 година успешно организираме курс во Фиренца во училиштето Centro Fiorenza, што се наоѓа во строгиот ценар на градот, во непосредна близина на црквата Санто Спирито. Сместувањето е во станови, во еднокреветни, двокреветни или во апартмани за еден или двајца, по желба.
Првиот ден пред започнувањето на наставата се врши тестирање на учениците со што се распоредуваат во соодветен степен. Вкупно има осум степени. Наставата се одржува секој ден во смени на една недела. Претпладне од 9 до 13 часот, а попладне од 14 до 18 часот. После часовите времето е организирано со прошетки во градот или низ регионот Тоскана како Сиена, Арецо, Лука, Фјезоле, Сан Џимињано, Пиза итн., а се организираат и заеднички дружења со студенти од целиот свет.
Викендите се истотака исполнети со многу прошетки до некои градови како Перуџа, Вијареџо, Венеција, Болоња, Ферара, Урбино, Сан Марино итн.

За сите заинтересирани училиштето организира и курсеви за италијанската кујна, историја на уметноста, италијанска литература, опера, музика и многу други. Најголем интерес предизвика конкурсот за најдобра фотографија од Фиренца и околината на кој можеа да учествуваат сите слушатели од училиштето, а како награда следуваше едномесечно посетување на часовите во училиштето.

Курсеви во Џенова

Санта Маргерита Лигуре е малечко гратче во близина на Џенова. Во летниот период тукасе одржуваат курсеви на Интернационалниот центар при Универзитетот во Џенова. Курсевите се одржуваат во периодот од 23-ти август до 25-ти септември секоја година, а предавањата од страна на универзитетски професори се однесуваат, пред се, на италијанскиот јазик и култура, со посебен осврт на книжевноста, уметноста и архитектурата.

Слушателите кои сакаат да ги посетуваат овие курсеви потребно е да имаат солидно познавање на италијанскиот јазик. Училиштето Аузонија на двајца најзаслужни студенти кои во текот на годината покажале посебен интерес во изучувањето на јазикот и постигнале одлични резултати, им овозможува стипендија (која ја покрива школарината) на овој престижен летен универзитет.

Курсеви во Неапол

Запознајте го градот Неапол и неговата околина на најпогоден начин со спојување на учењето и прошетките. Аузонија својот прв студиски престој во Италија го организираше токму во овој прекрасен и сончев бисер на Медитеранот.

“Благодарение на тринеделниот престој во 1998 г. во Неапол го запознавме прекрасниот наполетански залив со чудесно убавите гратчиња како Соренто, Амалфи, Позитано...., нивната убавина не остави без здив со виолетовите цветови на балконите, лимоновите дрвја, контрастот на зеленилото, контрастот на зеленилото на блиските ритчиња и блескавото синило на морето...

Веднаш по пристигнувањето во училиштето L’italiano секој ученик беше тестиран и распореден во соодветна група. Часовите се одржуваа од 8.30 до 12.30, а во попладневните часови имаше факултативни предавања за наполетанската музика, уметност и кујна. Двапати во неделата училиштето организираше попладневни прошетки низ историскиот дел на Неапол како и во блиските места: Помпеја, Вико Еквуенсе, островите Искија и Капри.“