Курсеви во Аузонија

Курсевите во Аузонија, на општо ниво, можат да се поделат на стандардни, интезивни курсеви, викенд курсеви, специјализирани и индивидуални.
Целите на курсевите на почетничко и основно ниво се следниве : слушателите да можат да учествуваат во конверзација на италијански јазик за теми од секојдневниот живот, да разбираат основни текстови и да пишуваат правилно за едноставни тематики. Додека целите на курсевите на средно и напредно ниво се : слушателите да можат да читаат потешки текстови на италијански, да се изразуваат правилно писмено и за посложени тематики и да учествуваат во разговор кој е на повисоко ниво на изразување.

Стандардни курсеви

Овие курсеви се состојат од 7 семестри. Уписите се од 3-ти до 24-ти септември и од 15-ти до 30-ти јануари секоја година. Фондот на часови е 32 по 85 минути. Големината на групите е од 5 до 12 слушатели.
Во периодот од 1-ви до 15-ти јануари во училиштето нема настава поради зимскиот распуст. Учебната година трае до 5-ти јуни, а при завршувањето на курсот се полага завршен тест (писмен и устен).

Летни месечни интензивни курсеви

Во текот на летниот период држиме летни курсеви во училиштето, а термините се по договор. Летните курсеви во Аузонија се одржуваат во периодот од 5-ти јуни до 30-ти јуни, и од 1-ви до 30-ти септември. Наставата се одржува три пати во неделата по 85 минути. По потреба, ако има минимум тројца слушатели, може да се формира група и во месец јули или август.

Курсеви за деца

Наменети се за деца на возраст од 4 до 6 години (предучилишен степен) и од 7 до 12 години (детски степени). Предучилишнуте курсеви се два пати неделно по 50 минути, a детските курсеви се одржуваат исто така два пати во неделата по 80 минути. Користиме оригинална литература од Италија, многу помошни средства, книги, слики, аудио и видео касети. Во наставата се вклучени и часови по слободни активности кои се со цел да им ја доближат на децата италијанската култура и јазик на позабавен начин. На крајот на учебната година подготвуваме завршна приредба.

Курсеви за возрасни

Курсевите за возрасни се стандардни курсеви кои се одржуваат во 7 семестри, двапати во неделата по 85 минути. Се користи оригинална литература од Италија, покрај книгите наставата е збогатена и со дополнителен испечатен, аудио и визуелен материјал кој им се презентира на слушателите. Многу често во текот на учебната година, на наша покана, предавања држат и професори и други гости од Италија.

Специјализирани курсеви

Специјализираните курсеви траат два месеци во текот на учебната година или во летниот период доколку има интерес. Наставата се одвива три пати во неделата по 85 минути. Курсевите можат да бидат од областа на медицината, правото, архитектурата, деловен италијански, курс за италијанската цивилизација и култура, конверзациски курс и секакви курсеви по потреба на нашите слушатели. И овде, честопати, имаме гости-наставници од Италија.

Интензивни курсеви за двајца

Во текот на целата учебна година, како и за време на летниот период, Аузонија ја нуди можноста за изучување на италијанскиот јазик и култура и преку интезивниот курс за двајца, по посебна цена, без разлика дали почнуваат од нула или пак веќе имаат основно знаење и сакаат да го продолжат учењето на италијанскиот. Овој вид на курс може да се однесува за студенти (помош при полагање на испит), вработени (да ја научат основната деловна комуникација на италијански јазик), постдипломци (кои решиле своите студии да ги продолжат во Италија), туристи во Италија (сакаат да ја научат основната комуникација додека туристички патуваат низ Италија), како и за оние што се подготвуваат за полагање на меѓународниот испит cils, а истиот ви е неопходен за подолг престој во Италија.

Интензивни двомесечни курсеви

Курсот се состои од 3 часа неделно по 85 минути, од кои првите 45 минути се посветени на граматика и конверзација, кои ќе ви помогнат да се снајдете во различни ситуации (во град, на аеродром, во продавница, музеј и слично), додека втората половина од часот е резервирана за предавање од најразлични теми, подобро запознавање на главните обележја на 20-те италијански региони.
Покрај нашиот професионален наставен кадар, културните предавања ќе ги водат и гости од Италија.

Подготвителни курсеви за испитот CILS

Курсевите за подготовка на испитот CILS во училиштето Аузонија траат два месеци (октомври/ноември и април/мај) со 2 часа неделно по 85 минути, плус еден индивидуален час неделно од 60 минути. За да се формира група потребни се најмалку 3 ученици. Ако постои интерес може да прифатиме и само еден ученик, но во тој случај цената е повисока. За сите подетални информации, обратете се во училиштето Аузонија.

Индивидуални курсеви

Индивидуалните курсеви се наменети за сите оние кои би сакале самостојно да учат или немаат време да посетуваат курс во група, а треба да заминат на студии во Италија или пак работат во италијански организации и фирми. Ако слушателот има претходно познавање на италијанскиот, се прави писмен тест. Се прилагодуваме според времето и потребите на ученикот. Овие курсеви можат да се се одржат и за време на викендот.

Македонски за странци

Овој курс почна да функционира од самото основање на училиштето Аузонија. За странците кои имаат потреба или сакаат да научат македонски јазик им нудиме можност за учење на македонскиот јазик по најсовремена метода, збогатена со конверзација, читање и превод на текстови, слушање. Времето и интензитетот на курсот е според потребата на ученикот. наши редовни ученици се претставници од амбасадите и разни меѓународни организации кои што имаат свои седишта во Скопје.

Италијански за странци

Поради зголемениот интерес, од 2009 година започнавме со курсот италијански за странци. Основната комуникација е на англиски јазик и користиме оригинална литература од Италија. Времето и интензитетот на курсот е според потребата на ученикот. Најчесто овој курс од страна на странците кои што живеат во Скопје, е посетуван за да се започне, да се усоврши или пак за да се дознае нешто повеќе за културата и традициите на Италија.

Подготвителни курсеви за студентите по италијанистика

Курсот е наменет за студентите по италијански јазик и книжевност на кои им е потребна помош при полагање испити, како и за идните студенти кои сакаат да се стекнат со знаења за јазикот и италијанската култура пред почетокот на студиите по италијанистика.Овие курсеви ги усогласуваме со потребите и барањата на студентите. Може да се одржуваат индивидуално или во група. Покрај стандардните материјали, наставата е збогатена со соодветен дополнителен материјал за конкретните барања на студентите.

Курсеви за фирми по потреба и по мерка на слушателите

Овие курсеви се наменети за фирми кои соработуваат со Италија и имаат потреба од комуникација на италијански јазик. Курсевите може да се одржуваат во училиштето или по потреба во нивните работни простории. Цената е по договор и зависи од бројот на слушателите и бројот на часови месечно.