Сара Христова

"Престојот во Италија ми беше прекрасен, поминав феноменално. Персоналот во училиштето е секогаш спремен да помогне за било што. Часовите се интересни, се учи за италијанската култура, музика и кујна. Училиштето секој викенд организира ексурзии со кои можат да се запознаат и други области во Италија, покрај Фиренца.

Во Фиренца е преубаво, има толку многу да се посети: споменици, цркви, плоштади, музеи и многубројни продавници и бутици од најпознатите марки. Помеѓу Фиренца и Сиена се наоѓа областа Кианти која е позната по производството на вино, и вреди да се посети. Сметам дека Фиренца не може да се раскаже, Фиренца треба да се доживее.