Моника

Во февруари 2004 за време на Венецијанскиот карневал за прв пат имав прилика да ја посетам Италија. Престојувавме во хотелот °La Torre° во малото гратче Тјене каде што имав многу убав престој благодарение на квалитетната услуга.

За време на екскурзијата посетивме познати и многу мали непознати градови за нас, како Читадела, Маростика, Кастелфранко, Басано дел грапа, кои што ме воодушевија со прекрасната архитектура. Нема да го заборама мојот престој во Италија, затоа што за прв пат го пробав типичното сирење моцарела.