Мартин Пуцакоски

Моето име е Мартин Пуцакоски, студент сум втора година на економскиот државен факултет во Љубљана, Словенија. Наредната учебна година ќе студирам во Рим, на Универзитетот „Ла Сапиенза“ и заради тоа се решив да учам италијански јазик за почетници.

Моите родители се распрашаа кои се училиштата кои нудат брзи курсеви за почетници и така дојдов до училиштето за италијански јазик „Аузонија“. Најголема предност тука во „Аузонија“ ми беше тоа што имав индивидуални часови со професорот и што целото внимание од часот беше насочено кон мене. Со оглед на тоа што имав само три недели за овој курс моите очекувања од ова посетување на настава беа минимални, но по завршувањето на курсот бев пријатно изненаден и резултатите ги надминаа моите очекувања. Ги изучив основите на италијанскиот јазик и добив основа за понатамошно учење на италијанскиот јазик и затоа сум ви благодарен.

Со почит Мартин Пуцакоски.