Mарија

Желбата за запознавање на Италија и нејзината култура ме натераа да се запишам на курс по италијански јазик.
Изборот на школото беше вистински затоа што во Аузонија успеаа преку часовите да ни ја зголемат желбата за учење и да ни докажат дека со знаење може да ни се остварат многу соништа, а тие беа тука за да ни помогнат во тоа.

После една година учење италијански, следуваа тестирања на кои јас ја добив стипендијата за наредната учебна година. Стипендијата ме поттикна да работам уште повеќе и да сфатам дека запишувањето во Аузонија е една од најправилните одлуки во мојот живот. Благодарение на таа одлука јас денеска својата иднина ја гледам во Италија и ќе дадам се од себе за да го остварам мојот сон.