Даниел Китаноски

"Ciao, Io sono Daniel. Мојата навидум невозможна задача или потреба да совладам елементарен Италијански јазик за многу кратко време или 7 дена, пробав да ја реализирам во "Аузонија" под форма на интензивен скратен курс и иако научив да кажам неколку реченици делумно разбирајќи ја логиката на зборовите или граматиката и понатаму фонетиката која засега можам само да ја почувствувам, благодарение на професорката Јулијана и нејзиниот ентузијазам, професионалност и непоколеблива посветеност на својата работа мојот успех го сметам за неверојатен ... именно Јас ја добив елементарната платформа за Италијанскиот јазик, точно она кое го сметав за невозможно и добив повеќе ... добив желба да го продолжам и усовршам тоа што го започав.

Јас сум примен на Италијански универзитет на програма која е целосно на Англиски јазик, немам претходни познавања за Италијански јазик и не сум ја посетил Италија до сега но тука во "Аузонија" во школата која што е во најстарото Скопје постои Италија и се чувствува долниот медитеран, Маслините, Пицата и ... Данте така да сега имам чувство како да сум бил во Италија .... како да ја познавам Италија и верувам дека наскоро ќе зборувам Италијански јазик со уште една "невозможна" мисија пред мене ... да го продолжам моето образование пост специјализација на Италијански јазик."