Бисера К

Бев четврто одделение кога се запишав на првиот курс по италијански јазик. Убави моменти и незаборавни спомени ме врзуваат со Аузонија, со сите изминати години и настани поврзани со изучувањето на италијанскиот јазик.

Сеуште се сеќавам на детските песнички на италијански јазик, на вкусните колачиња што ни ги носеа гостите од Италија, на јавните часови организирани за нас и нашите родители по секоја завршена година и нашите грешки кои само ние ги откривавме, на гледањето италијански филмови и дискусиите за нив, организираните средби во рестораните со италијански специјалитети, како и нашето учество на Италијанската недела во Скопје.

Неможам, а да не ги спомнам и вонредните ангажмани на професорите од Аузонија за нашите подготовки за полагање на меѓународниот испит за познавање на италијански јазик CILS.

И конечно, лето 2008, врвот на целокупното школување во Аузонија. Незаборавни 4 недели изучувајќи го јазикот во Чентро Фиоренца. Il duomo, Giardino di Boboli, San Marco, David di Michelangelo, Uffizi, Ponte Vecchio. Катедрали, плоштади, национални паркови, музеи, галерии. Болоња и панорамскиот поглед од двете кули, Сиена и таљатели со горгонзола на Piazza del campo, Венеција и најстарата фабрика за мурано стакло, Чинкве Тере и фокача со зелени маслинки покрај море, Лука и гранита од зелено јаболко на Piazza dell’Anfiteatro. Комплетно доживување на италијанската култура, уметност и традиција.

Ова лето повторно ќе се потсетам на мирисот на вистинскиот пармезан, одново ќе ја почувствувам спрецифичната атмосферата на малите плоштадчиња и тесните улички, благодарејќи на стипендијата што ја добив од Аузонија за петнеделен курс во Центарот за странци во Санта Маргерита Лигуре при Универзитетот во Џенова.