Суперинтензивен курс

Суперинтезивен почетен курс за сите авантуристи кои сакаат да ја истражуваат магичната Италија во времетраење од два месеца !
Здосадено ви е од класичните курсеви, а сакате брзо и ефикасно да го научите италијанскиот јазик ?

Ние ви нудиме уникатна алтернатива, заедно да ги осознаеме убавините на Италија. На сите љубители на неповторливата италијанска кујна ќе им ги откриеме најдобрите ресторани и гостилници, а на сите зависници од шопинг подготвивме листа со најатрактивните шопинг-молови низ цела Италија... на вљубениците на италијанската архитектура и култура, ќе им го доближиме секој агол од култните италијански градови....

Курсот се состои од 3 часа неделно по 90 минути, од кои првите 45 минути се посветени на граматика и конверзација, кои ќе ви помогнат да се снајдете во различни ситуации (во град, на аеродром, во продавница, музеј и слично), додека втората половина од часот е резервирана за предавање од најразлични теми, подобро запознавање на главните обележја на 20-те италијански региони.

Покрај нашиот професионален наставен кадар, културните предавања ќе ги водат и гости од Италија.
Отворени сме за секаков вид на сугестии од ваша страна кога се во прашање темите за конверзација.

Целта на овие курсеви е за кратко време вие да се стекнете со солидно познавање како на италијанскиот јазик, така и на италијанската култура во целост, но и да се опуштите во пријатната атмосфера по напорниот работен ден...

Часовите се одржуваат во понеделник, среда и петок од 19.00 до 20.30 часот во просториите на Аузонија, а ќе траат од 8-ми февруари до 26-ти март 2012 година.
Дозволете Аузонија да биде вашиот туристички водич, дојдете и подгответе се за едно несекојдневно запознавање на волшебната Италија! Ваше е само да ги спакувате куферите и да тргнете на вашето дамнешно посакувано патување низ Италија !