Центар за преводи

Првиот приватен специјализиран Центар за преводи по италијански јазик Аузонија, основан во 1997 година од Јулијана Синадиновска, со својот тим на професионални преведувачи по италијански јазик, нуди судски и писмен преводи, како и толкување (консекутивно и симултано) од италијански на македонски и обратно.

Центарот Аузонија е препознатлив по високиот квалитет, професионалноста, сестраното искуство, брзата и навремената испорака. 20 годишното преведувачко искуство на Аузонија по италијански јазик на полето на судските, писмените стручни преводи, консекутивното и симултаното толкување од полето на правото, економијата, градежништвото, медицината, политиката, книжевноста, се доволен доказ за нашата сериозна посветеност во преведувањето и толкувањето.

Ќе наброиме само дел од поранешните и сегашните клиенти на преведувачките услуги на Аузонија:

  • Италијанска Амбасада во Скопје
  • Италијански институт за надворешна трговија (ИЧЕ)
  • Техно СОЛ Скопје
  • Агенција за странски инвестиции
  • Влада на РМ
  • Влада на Р. Италија
  • Универзитетот La Sapienza во Рим
  • КФОР
  • Твининг проект за организиран криминал при Академијата за обвинители
  • Проекти на ИМГ во Македонија
  • Струшките вечери на поезијата 2000, лауреант Едоардо Сангуинети
Располагаме со преведувачки тим и за преводи (судски, писмени, консекутивни и симултани) од македонски на англиски, германски, француски и албански и обратно.